СОВЕТНИК НА ПУТИН Ѝ ПОНУДИ ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА НА КРАЈНОДЕСНИЧАРСКАТА АФД ПРЕД УТРЕШНИТЕ ПОКРАИНСКИ ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА

    СОВЕТНИК НА ПУТИН Ѝ ПОНУДИ ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА НА КРАЈНОДЕСНИЧАРСКАТА АФД ПРЕД УТРЕШНИТЕ ПОКРАИНСКИ ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈАКирил Дмитриев претходно ја поздрави победата на АфД на изборите во Саксонија-Анхалт (Фото: ДПА)

    Главниот економски советник на Кремљ, Кирил Дмитриев, понуди економска соработка со крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) пред утрешните покраински избори во Германија.

    Гласачите во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија ќе избираат нов парламент, при што АфД и Социјалдемократите на актуелната премиерка Мануела Швезиг водат тесна трка.

    „Мекленбург-Западна Померанија повторно ќе процвета кога ќе се врати евтиниот и сигурен гас од ’Северен тек‘ преку заедничка работа со АфД. Пониски сметки за енергија, повеќе работни места и поголем раст“, напиша Дмитриев на Икс.

    Во минатото, Русија нудеше обновување на испораката на евтин гас за Германија преку гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море доколку се укинат санкциите. Само еден од четирите краци на „Северен тек“ остана неоштетен по експлозиите што го оштетија овој гасовод во 2022 година.

    „Крај на германското енергетско и индустриско самоубиство“, напиша Дмитриев како одговор на објавата на колидерката на АфД, Алис Вајдел, која повика на политички промени во Мекленбург-Западна Померанија.

    АфД, како и популистичкиот левичарски Сојуз на Сара Вагенкнехт, повика на обновување на испораката на руски гас, тврдејќи дека поевтината руска енергија би била од корист за германската економија. Сепак, покраинските избори в недела нема да имаат директно влијание врз ова прашање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира