Советникот на Кремљ, Кирил Дмитриев, предложи изградба на железнички тунел „Трамп-Путин“ под Беринговиот Проток, кој би ги поврзал САД и Русија, би иницирал заеднички истражувања на природни ресурси и би симболизирал единство.
Проектот на Дмитриев, кој е советник за инвестиции на Владимир Путин, би чинел осум милијарди долари и би бил финансиран од Русија и меѓународни партнери. Изградбата на 112 километри долгиот тунел би траела околу осум години.
Дмитриев ја предложил идејата по последниот телефонски разговор на Трамп и Путин, кога договорија да се сретнат во Будимпешта овој месец. На нивната вчерашна средба во Белата куќа, Трамп ја опиша идејата како интересна, додека Володимир Зеленски на шега кажа дека не е среќен.
„Сонот за врска меѓу САД и Русија преку Беринговиот Проток одразува трајна визија, од железницата Сибир-Алјаска од 1904 до планот на Русија од 2007. Ние ги проучивме постојните предлози, вклучувајќи ја и железницата САД-Канада-Русија-Кина и ќе ги поддржиме најодржливите“, напиша Дмитриев на Икс.
Беринговиот Проток, кој е широк 82 километри во најтесната точка, го одделува огромниот и ретко населен руски регион Чукотка од Алјаска. Идеите за нивно поврзување постојат најмалку 150 години. Малите острови Диомед, еден руски, еден американски, се наоѓаат во средината на протокот, на само четири километри оддалеченост еден од друг.
Дмитриев дури предложи тунелот да го гради компанијата „Боринг“ на Илон Маск.