СОВЕТСКО ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО ОД 1970-ТИТЕ ТРЕБА ДА ПАДНЕ НА ЗЕМЈАТА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

    СОВЕТСКО ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО ОД 1970-ТИТЕ ТРЕБА ДА ПАДНЕ НА ЗЕМЈАТА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИСоветскиот Сојуз го лансираше „Космос 482“ во 1972 како една во серијата мисии кон Венера (Фото: Икс)

    Вселенско летало од советската ера, кое се упати кон Венера во 1970-тите, се очекува наскоро неконтролирано да падне на Земјата, веројатно во првите две недели од мај.

    Засега не може да се процени каде би можело падне леталото од половина тон метал или колку од него ќе го преживее повторното влегување во атмосферата, велат експертите за следење вселенски отпад. Холандскиот научник Марко Лангбрук предвидува дека леталото ќе се врати на Земјата околу 10 мај и дека ќе се урне со брзина од 242 километри на час, доколку остане недопрено.

    Иако не е без ризици, не треба да бидеме премногу загрижени. Објектот е релативно мал и дури и ако не се распадне, ризикот е сличен на оној од случаен пад на метеорит. Има поголем ризик да ве погоди гром во текот на животот“, вели Лангбрук.

    Советскиот Сојуз го лансираше вселенското летало „Космос 482“ во 1972 година како една во серијата мисии кон Венера. Но, никогаш не успеа да излезе од орбитата на Земјата поради дефект на ракетата.

    Сосема е можно вселенското летало да го преживее враќањето. Изградено е да издржи спуштање низ атмосферата на Венера густа со јаглероден диоксид. Не верувам дека неговиот падобран ќе функционира по толку многу години. Топлинскиот штит, исто така, можеби е компромитиран по толку долго време во орбитата“, рече Лангбрук од Технолошкиот универзитет во Делфт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира