Во тек е спасувачка операција на грчката крајбрежната стража во Посиди, Халкидики, откако тројца млади капачи попладнево исчезнаа во областа.
Еден од нив веќе е најден од крајбрежната стража, а по другите двајца сè уште се трага. Сите тројца се од Северна Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.
Според грчките медиуми тие славеле роденден и кога влегле во морето биле однесени од струјата.
За да ги лоцира, крајбрежната стража користи три брода и хеликоптер на грчката армија.