Србинот Милан Недељковиќ е назначен за нов извршен директор на „БМВ“, заменувајќи го долгогодишниот шеф Оливер Ципсе во периодот кога германскиот производител лансира нова генерација возила. Тој официјално ќе ја преземе функцијата на 14 мај следната година.
Педесет и шестгодишниот Недељковиќ е роден во Крушевац, студирал во Германија и на Универзитетот Кембриџ во Масачусетс, по што ѝ се придружил на компанијата како практикат во 1993 и работел на неколку локации на „БМВ“ во Германија и Англија. Член на управниот одбор станал во 2019 и моментално е шеф на производството.
„Недељковиќ ги обединува луѓето и ги мотивира да постигнат врвни перформанси. Тој е клучен лидерски квалитет за продолжување на успешната траекторија на групацијата ‘БМВ‘ за време на тековната трансформација“, рече претседателот на надзорниот одбор Николас Петер.
Ципсе ја напушта компанијата по 35 години за да стане член на бордот на директори на „Ербас“.



