СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО УАПСИ МИЛАН РАДОИЧИЌ, ОРГАНИЗАТОРОТ НА НАПАДОТ ВО КОСОВСКОТО СЕЛО БАЊСКА

    СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО УАПСИ МИЛАН РАДОИЧИЌ, ОРГАНИЗАТОРОТ НА НАПАДОТ ВО КОСОВСКОТО СЕЛО БАЊСКАРадоичиќ презеде целосна одговорност за случувањата во Бањска (Фото: Н1)

    Српската полиција го уапси Мичан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен и бивш потпретседател на партијата Српска листа, кој го организираше нападот во косовското село Бањска на 24 септември. На него му е одреден 48-часовен притвор, откако криминалистичката полиција изврши претрес во неговиот стан и во други простории, соопшти српското министерство за внатрешни работи. 

    Радоичиќ пред неколку дена се одзва на повикот на државните органи на Србија, откако презеде целосна одговорност за случувањата во Бањска, кога загинаа еден косовски полицаец и четворица напаѓачи. Тој предводеше група од 30-ина напаѓачи, која прво се обиде да постави барикади на северот на Косово, а по престрелките со полицијата се забарикадираше во манастирот во Бањска.

    Радоичиќ во петокот преку својот адвокат соопшти дека целта на неговото враќање во Косово била да го „охрабри народот во отпорот против режимот на Албин Курти“, негирајќи дека се терористи.

    Радоичиќ се доведуваше во врска со убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ, пред налогот за негово апсење да биде повлечен. Неговите фирми беа ангажирани на неколку големи проекти во Србија, а поради врските со меѓународниот организиран криминал, САД и Велика Британија го ставија на својата црна листа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира