СТАТУИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ОСТРОВ ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАР

    СТАТУИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ОСТРОВ ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРСе верува дека пожарот бил подметнат

    Мистериозните свети статуи на Велигденскиот Остров се оштетени во пожар, при што чилеанските власти велат дека некои се премногу јагленосани, што нема да можат да се реновираат. Огнот оштетил засега непознат број камени статуи.

    На Велигденскиот Остров има околу 1.000 вакви мегалити, од кои повеќето се високи четири метри. Тие биле направени од полинезиското племе Рапа Нуи во периодот меѓу 1400 и 1650 година. Најголемата статуа тежи 74 тони и висока е 10 метри.

    „Пожарот кој избувна во понеделникот зафати речиси 60 хектари земјиште“, соопшти потсекретарката за чилеанското културно наследство Каролина Перес Дитари.

    Се верува дека пожарот бил подметнат околу вулканот Рано Рараку.

    „Штетата предизвикана од пожарот е непоправлива. Некои скулптури се целосно јагленосани“, изјави лидерот на островот Педро Едмундс.

    Велигденскиот Остров е оддалечен 3.500 километри од брегот на Чиле и најголемите приходи ги добива од туризмот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира