СТАТУСОТ БЕГАЛЕЦ ЌЕ СТАНЕ ПРИВРЕМЕН ВО БРИТАНИЈА, ЗА ТРАЈНО НАСЕЛУВАЊЕ ЌЕ СЕ ЧЕКА 20 ГОДИНИ

    СТАТУСОТ БЕГАЛЕЦ ЌЕ СТАНЕ ПРИВРЕМЕН ВО БРИТАНИЈА, ЗА ТРАЈНО НАСЕЛУВАЊЕ ЌЕ СЕ ЧЕКА 20 ГОДИНИЛабуристичката влада ги заострува имиграциските политики, пред сè во врска со нелегалните преминувања со мали чамци од Франција. (Фото: ДПА)

    Велика Британија соопшти дека ќе го направи статусот на бегалец привремен, а чекањето за трајно населување ќе се зголеми za четири пати, на 20 години, според најсеопфатната реформа на политиката на земјата за барателите на азил во модерното време. Лабуристичката влада ги заострува имиграциските политики, пред сè во врска со нелегалните преминувања со мали чамци од Франција, во обид да ја запре зголемената популарност на популистичката партија „Реформа на Велика Британија“, која ја водеше агендата за имиграција.

    Рекордот беше постигнат денеска, откако 212 мигранти пристигнаа во четири различни чамци во еден ден, покажаа податоците.

    Демонстрации се одржаа низ цела Британија во текот на викендот по судската одлука донесена минатата недела, со која се нареди отстранување на барателите на азил од хотел во Епинг, североисточно од Лондон, најновата жаришна точка во дебатата за имиграцијата. Лабуристичката влада на Стармер вети дека постепено ќе го укине користењето на хотелите до 2029 година и ќе го ревидира системот за азил. Денеска објави реформи за забрзување на жалбите за азил и намалување на заостанатите над 100.000 случаи.

    Министерката за внатрешни работи Ивет Купер, изјави дека промените имаат за цел враќање на „контролата и редот“ во систем што таа го опиша како „во целосен хаос“. Официјалните податоци минатата недела покажаа дека барањата за азил се на рекордно високо ниво, при што повеќе мигранти се сместени во хотели во споредба со пред една година.

    Најџел Фараж, лидер на десничарската партија „Реформа на Велика Британија“, која е на врвот на неодамнешните анкети за гласање, ги изложи плановите за „масовни депортации“ на мигранти што пристигнуваат со мали чамци. Тие би вклучувале исклучување на Велика Британија од Европската конвенција за човекови права, забрана за барања за азил и изградба на центри за притвор за 24.000 луѓе. Тој изјави за весникот „Тајмс“ дека ќе склучи договори за репатријација со земји како Авганистан и Еритреја и ќе организира дневни летови за депортација.

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека новите реформи ќе се стремат да ги „совпаднат, а во некои области и да ги надминат“ стандардите на Данска и другите европски земји, каде што статусот на бегалец е привремен, поддршката е условна и се очекува интеграција во општеството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира