СТИВЕН СИГАЛ ЌЕ ГИ ПОДОБРУВА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ САД И РУСИЈА

    СТИВЕН СИГАЛ ЌЕ ГИ ПОДОБРУВА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ САД И РУСИЈАСтана специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи. - Стивен Сигал (Фото: АП)

    Русија го именуваше актерот Стивен Сигал за специјален пратеник кој треба да работи на подобрувањето на односите со САД.

    Сигал доби руско државјанство во 2016 година и го величи Владимир Путин како еден од најголемите светски лидери.

    Одлуката ја објави руското Министерство за надворешни работи на своите профили на социјалните мрежи, додавајќи дека ова е слично на улогата на амбасадор на добра волја на Обединетите нации.

    „Станува збор за неплатена позиција. Како специјален претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Сигал ќе ги промовира американско-руските односи во хуманитарната сфера“, беше објавено на Твитер.

    Сигал, ѕвездата на акционите филмови, е носител и на српското државјанство, откако ја посети оваа земја неколку пати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира