СТОТИНА МИГРАНТИ СЕ УДАВИЛЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЛИБИЈА

    СТОТИНА МИГРАНТИ СЕ УДАВИЛЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЛИБИЈАМеѓународната организација за миграција вели дека годинава загинале повеќе од 1.500 мигранти во обид да го поминат Средоземното Море (Фото:Ројтерс)

    Повеќе од стотина мигранти се удавиле во бродолом на крајбрежјето на Либија на почетокот на месецов, соопшти хуманитарната организација Лекари без граници (МСФ). Два гумени чамци тргнале на 1 септември, но едниот се дупнал и потонал, рекоа од организацијата. Преживеале 276, кои биле однесени до либанскиот пристанишен град Комс, на 100 километри од главниот град Триполи.

    Меѓу преживеаните има бремени жени, деца и бебиња кои се лекуваат од пневмонија или од изгореници поради истеченото гориво.

    Меѓународната организација за миграција вели дека годинава загинале повеќе од 1.500 мигранти во обид да го поминат Средоземното Море. Голем број биле и спасени, иако Италија, која е првична дестинација за миграните кои патуваат од Либија, од неодамна почна да го забранува влезот на бродовите со мигранти. Бројката на миграните кои поминуваат низ Средоземното Море се намали од 1 милион во 2015, но статистиката вели дека има повеќе загинати од оние кои успеваат да стигнат во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира