СУДОТ НЕ МУ ДОЗВОЛИ НА БЕЛГИСКИОТ ПРИНЦ ЛОРАН ДА ДОБИВА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПОКРАЈ КРАЛСКИОТ ДОДАТОК ОД 388.000 ЕВРА

    СУДОТ НЕ МУ ДОЗВОЛИ НА БЕЛГИСКИОТ ПРИНЦ ЛОРАН ДА ДОБИВА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПОКРАЈ КРАЛСКИОТ ДОДАТОК ОД 388.000 ЕВРАПринцот Лоран тврдеше дека е делумно самовработен поради своите кралски задолженија (Фото: Гети)

    Судот во Брисел го одби барањето на белгискиот принц Лоран да добива социјално осигурување, покрај тоа што има шестцифрен кралски додаток. Принцот Лоран, кој е помлад брат на кралот Филип, лани добил 388.000 евра од државните фондови, но сметаше дека поради работата, тој и неговото семејство имаат право на социјално осигурување.

    Тој тврдеше дека е делумно самовработен поради своите кралски задолженија и се повикал на тоа дека води добротворна организација за заштита на животни. Шеесет и едногодишниот Лоран кажа дека се водел од принципи, не од пари, но судот не се согласи со него.

    Кога мигрант ќе дојде во земјата, се регистрира и има право на социјално осигурување“, изјави Лоран.

    Судот го одби неговото барање со образложение дека тој не може да се смета ни за самовработен, ни за вработен. Адвокатот на Лоран кажа дека сите Белгијци имаат право на социјално осигурување, и најбогатите и најсиромашните, додавајќи дека најголемиот дел од кралскиот додаток на принцот се троши на неговите помошници и на разни патни трошоци.

    Лоран поднесе тужба против државата откако му беше одбиена апликацијата за социјално осигурување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира