Туризмот е еден од клучните столбови на економијата на Тајланд, но секторот сè уште нема целосно закрепнато од пандемијата на Ковид-19.
Неделава, Тајланд ја прошири листата на земји за кои што не е потребна виза за влез во земјата на 93, но меѓу нив ја нема Македонија. Од нашето опкружување, меѓу новододадените земји на листата се Албанија и Косово.
Претходно, граѓани на 57 земји можеа да влезат без виза во Тајланд.
Тајланд имаше 17,5 милиони странски туристи во првите шест месеци од годинава, што е зголемување од 35 отсто во споредба со истиот период минатата година, но далеку од нивото пред пандемијата.
Приходот од туризам во првата половина од годината беше 23 милијарди долари, што е за четвртина помалку од предвидувањата на властите.
Олеснувањето на визниот режим е дел од мерките на тајландските власти за стимулирање на туризмот.