Личност на годината во изборот на списанието „Тајм“ оваа година не е само една личност. Овојпат, титулата ја понесоа таканаречените архитекти на вештачката интелигенција.
Шефот на „Енвидија“, Џенсен Хванг, шефот на „Мета“, Марк Закерберг, сопственикот на Икс, Илон Маск и „кумата“ на ВИ, Феи-Феи Ли, се меѓу личностите кои се најдоа на една од двете насловни страници на „Тајм“. Експертите велат дека ова покажува колку брзо вештачката интелигенција и фирмите што стојат зад неа го преобликуваат општеството, што беше поттикнато од појавата на четботот ЧетГПТ кон крајот на 2022.
Покрај нив, меѓу „архитектите“ се и извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, шефицата на компанијата за производство на чипови „АМД“, Лиса Су, шефот на „Антропик“, Дарио Амодеи и водачот на лабораторијата за ВИ на „Гугл“, Демис Хасабис.
„Никој немал толку големо влијание во 2025 како поединците кои ја осмислиле, дизајнирале и изградиле вештачката интелигенција. Оваа година, дебатата за тоа како одговорно да се користи вештачката интелигенција се претвори во спринт за нејзино распоредување што е можно побрзо. Но, оние кои не сакаат да ризикуваат повеќе не се на возачкото седиште. Благодарение на Хванг, Сон, Алтман и другите титани на вештачката интелигенција, човештвото сега лета по автопатот кон високо автоматизирана и многу неизвесна иднина“, соопшти „Тајм“.



