„ТАЈМ“ ГО ИЗБРА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

    „ТАЈМ“ ГО ИЗБРА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТАОд „Тајм“ велат дека изборот на Зеленски бил еден од најјасните досега (Фото: Твитер)

    Магазинот „Тајм“ го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски за Личност на годината. Меѓу финалистите за признанието беа и демонстрантите во Иран, кинескиот лидер Шји Џинпинг, Илон Маск и Врховниот суд на САД.

    Одлуката да се избере украинскиот претседател беше најјасниот избор откога знам. Во светот што го дефинира поделеноста, се појави здруженост околу оваа кауза, околу оваа земја“, изјави главниот уредник на „Тајм“, Едвард Фелсентал.

    Зеленски неочекувано се најде во улогата на воен лидер на Украина откако Русија ја почна инвазијата во февруари и не само што не потклекна, туку надгледуваше серија воени победи кои го спречија руското напредување и доведоа до ослободување на дел од окупираните територии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира