Најмалку осуммина морнари се спасени од јужнокорејски танкер кој се преврте покрај брегот на Јапонија, додека тројца се водат како исчезнати. Танкерот „Кеојанг сан“ се превртел откако посадата испратила сигнал за помош околу седум часот по локално време. Јапонската крајбрежна стража веднаш испратила бродови и авион напомош.
Бродот наводно бил закотвен поради лошо време. На сајтовите за бродски транспорт пловилото е опишано како „танкер за нафта и хемикалии“. Јапонските медиуми објавија дека бил наполнет со 980 метрички тони акрилна киселина.
Посадата ја сочинувале осуммина Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез.
Локална метеоролошка станица издала предупредување за силни ветрови и високи бранови во периодот кога бродот се превртел.