ТАТКО ВО СИРИЈА СЕ ЗБОГУВА СО МРТВИТЕ БЛИЗНАЧИЊА УБИЕНИ ВО ХЕМИСКИ НАПАД

    ТАТКО ВО СИРИЈА СЕ ЗБОГУВА СО МРТВИТЕ БЛИЗНАЧИЊА УБИЕНИ ВО ХЕМИСКИ НАПАДНа сликата до која дојде Асошиетед прес (АП), Аљусев се збогува со близнаците кои загинаа во хемиски напад (Фото:АП)

    Татко ги гушка мртвите тела на 9-месечните близнаци Аја и Ахмед. Ги гали по косата и изгубен од болка низ солзи мрмори: „Збогум бебиња, збогум…“

    Абдел Хамид Аљусев ги изгуби неговите две деца, сопругата и други роднини во хемискиот напад што во вторникот се случи во сирискиот северен град Кан Шеикун, при што загинаа најмалку 72 лица. На сликата до која дојде Асошиетед прес (АП), Аљусев седи на предното седиште во патничко комбе со крвави и плачни очи додека неговиот братучед го фотографира како се збогува со безживотните тела на близнаците.

    „Кога се случи воздушниот напад ги изведов од куќата заедно со мајка им“, раскажува Аљусев за АП. „Тие на почетокот беа свесни, но по 10 минути почна да се чувствува мирис. Ги одведов на лекар, мислев дека ќе бидат добро. Кога се вратив да видам што се случува со останатите од семејството ги пронајдов мртви двајцата браќа, двајца братучеди и внукот. Не можев да ги спасам“, раскажал Аљусев за АП.

    Подоцна му кажале дека и децата и жена му починалеод хемискиот напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира