Доналд Трамп изјави дека Тејлор Свифт ќе плати за тоа што објави дека ќе гласа за Камала Харис на претстојните претседателски избори во САД. Најголемата поп-ѕвезда на денешнината ѝ даде поддршка на Харис набргу по завршувањето на нејзината ТВ-дебата со Трамп, опишувајќи ја како стабилен и надарен лидер.
Трамп ја отфрли поддршката на Свифт за Харис и кажа дека не е нејзин фан.
„Таа веројатно ќе плати цена за тоа на пазарот“, рече Трамп, додавајќи дека многу повеќе му се допаѓа Британи Махомс, која е сопруга на големата НФЛ-ѕвезда Патрик Махомс.
Свифт, пак, е во врска со друга голема ѕвезда на американскиот фудбал, Тревис Келси.
Свифт кажа дека била мотивирана јавно да сподели за кого ќе гласа откако на сајтот на Трамп се појавија фотографии направени со вештачка интелигенција кои лажно прикажуваат дека таа го поддржува.