ТИБЕТАНЕЦ ПОЧИНА ОТКАКО СЕ САМОЗАПАЛИ ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЊУЈОРК

    ТИБЕТАНЕЦ ПОЧИНА ОТКАКО СЕ САМОЗАПАЛИ ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЊУЈОРКЛобга Рангзен се самозапалил пред седиштето на ОН по апелот за независност и единство на Тибет (Фото: Њујорк пост)

    Њујоршката полиција соопшти дека еден маж починал од тешки изгореници во близина на седиштето на Обединетите нации, а активисти го идентификуваа како Тибетанец кој се самозапалил во апел за независност. Тој бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт, соопшти полицијата, додавајќи дека истрагата е во тек.

    „Гласот на Тибет“, медиум на пребегнатите Тибетанци, објави дека активистот Лобга Рангзен се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк по апелот за независност и единство на Тибет. Тој бил возач на „Убер“ и дошол на местото на настанот со тибетско знаме.

    Рангзен беше разбеснет од ограничувањата што кинеската влада им ги постави на неговите сонародници“, изјави неговиот колега од „Убер“, Лобсанг Палјор.

    САД и Европската Унија изразија загриженост за новиот кинески закон за етничко единство, кој стапи во сила оваа недела и ѝ дава на Кина правна основа да преземе мерки против луѓето надвор од нејзините граници. Законот создава заеднички национален идентитет за 55-те етнички малцински групи во земјата, вклучувајќи ги Тибетанците и Ујгурите, од кои некои се противат на кинеската власт. Тибетанците од целиот свет се спротивставија на законот.

    Кина ја презеде контролата врз Тибет во 1950, што го опиша како мирно ослободување од феудалното ропство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира