Жителите на малата пацифичка држава Тонга побрзаа да се вакцинираат откако таа го потврди првиот случај на ковид-19 досега, повеќе од година и пол по почетокот на пандемијата. Заразата е регистрирана кај целосно вакциниран патник од Нов Зеланд и премиерот Похива Туионетоа ги предупреди жителите на главниот остров Тонгатапу да се подготват за можно воведување карантин следната недела.
Тонга, која се наоѓа северозападно од Нов Зеланд, има 106.000 жители, од кои една третина се целосно вакцинирани против ковид-19. Властите кажаа дека илјадници луѓе се пријавиле за вакцинирање откако беше потврден првиот случај на зараза.
Од почетокот на пандемијата, во светот се потврдени над 246 милиони заразени и речиси пет милиони починати од ковид-19.
Коронавирусот сè уште не допрел до некои островски држави во Тихиот Океан, како Тувалу, Кирибати и Кукови Острови. И Северна Кореја и Туркменистан немаат пријавено случај на коронавирус, но експертите веруваат дека тоа е малку можно.