Серија торнада што ноќеска помина низ американската сојузна држава Тенеси уби најмалку седум луѓе и уништи 40-ина згради. Еден од нив предизвика сериозни штети во центарот на Нешвил.
Властите ги замолија луѓето да не излегуваат надвор додека не се расчистат улиците од откорнати покриви и фасади и скинати електрични кабли. Затворени се училишта и судови, а невремето уништи и неколку гласачки места во пресрет на Супервторник, еден од најважните денови на изборите.
Итните служби потврдија дека има најмалку седум загинати.
„Нашата заедница беше сериозно погодена. Уништени се многу домови и има повредени“, објави полицијата на Маунт Џулиет.
Најмалку 40 згради се урнале во околината на Нешвил.