ТОВАРЕН АВИОН СЕ УРНА И ЕКСПЛОДИРАШЕ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД АЕРОДРОМ ВО КЕНТАКИ, НАЈМАЛКУ СЕДУМ ЗАГИНАТИ

    ТОВАРЕН АВИОН СЕ УРНА И ЕКСПЛОДИРАШЕ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД АЕРОДРОМ ВО КЕНТАКИ, НАЈМАЛКУ СЕДУМ ЗАГИНАТИАвионот бил наполнет со 144.000 литри гориво кога паднал (Фото: АП)

    Најмалку седум луѓе загинаа откако товарен авион се урна набргу по полетувањето од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Гувернерот Енди Бешир кажа дека меѓу загинатите најверојатно се тројцата членови на екипажот.

    Авионот експлодираше веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродромот „Мухамед Али“, при што се повредени најмалку 11 луѓе. Официјални лица кажаа дека некои од нив имаат сериозни повреди и дека бројот на жртви би можел да порасне.

    Авионот удрил во продавница за автомобили, чии двајца вработени се водат како исчезнати. Не е познато колку муштерии имало во продавницата во тој момент.

    Kомпанијата „УПС“ потврди дека во авионот имало тројца луѓе, но не можеше да каже дали се живи или мртви. Официјални лица рекоа дека е прерано да се зборува за причините за несреќата. Тие сметаат дека огромната експлозија се должи на количеството гориво во авионот, кој требало да лета 6.920 километри до Хаваи. Авионот бил наполнет со 144.000 литри гориво.

    Не е познато што превезувал авионот, но властите кажаа дека не е ништо што би создало ризик од загадување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира