ТРАМП АКТИВНО РАЗГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ГРЕНЛАНД, КАЖА БЕЛАТА КУЌА

    ТРАМП АКТИВНО РАЗГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ГРЕНЛАНД, КАЖА БЕЛАТА КУЌАГренланд е дом и на вселенската база Питуфик е управувана од САД уште од Втората светска војна (Фото: АП)

    Доналд Трамп и неговите функционери активно разговараат за можна понуда за купување на Гренланд, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Тоа е нешто за што во моментов активно разговараат претседателот и неговиот национален безбедносен тим. Тоа не е нова идеја, претседателот беше јасен и отворен за тоа со светот“, кажа Ливит.

    И Данска и Гренланд постојано нагласуваат дека островот не е на продажба.

    Запрашана зошто владата на Трамп претходно кажа дека не ја исклучува воената опција за преземање на Гренланд, Ливит одговори:

    Сите опции се во игра, но дипломатијата е секогаш првата опција за Трамп“.

    Загриженоста за иднината на полуавтономната данска територија повторно се зголеми по американската воена акција во Венецуела, во која беше заробен Николас Мадуро.

    Трамп повтори во текот на викендот дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини, што ја поттикна данската премиерка Мете Фредериксен да предупреди дека секој напад од САД би значел крај на НАТО. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави вчера дека ќе разговара со Данска следната недела.

    И покрај тоа што е најретко населена територија, нејзината локација меѓу Северна Америка и Арктик ја прави идеална за поставување системи за рано предупредување од ракетни напади и за следење на бродови во регионот. Вселенската база Питуфик е управувана од САД уште од Втората светска војна.

    Во последниве години се зголеми и интересот за природните ресурси на Гренланд, вклучувајќи ги ретките минерали, ураниумот и железото, кои стануваат полесно достапни бидејќи мразот се топи поради климатските промени. Научниците сметаат дека би можело да има и значителни резерви на нафта и гас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира