ТРАМП ЏУНИОР ЌЕ ГО ПОСЕТИ ГРЕНЛАНД ПО ИЗЈАВИТЕ НА ТАТКО МУ ДЕКА ОСТРОВОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД САД

    ТРАМП ЏУНИОР ЌЕ ГО ПОСЕТИ ГРЕНЛАНД ПО ИЗЈАВИТЕ НА ТАТКО МУ ДЕКА ОСТРОВОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД САДДоналд Трамп Џуниор ќе снима материјал за подкаст на својата еднодневна приватна посета (Фото: АП)

    Доналд Трамп Џуниор планира да го посети Гренланд, за кој неговиот татко кажа дека би требало да биде ставен под контрола на САД. Синот на новоизбраниот американски претседател ќе снима материјал за подкаст на својата еднодневна приватна посета.

    Доналд Трамп минатиот месец повторно почна да збори за ставањето на автономната данска територија под американска власт, велејќи дека тоа е неопходно за националната безбедност на САД. За време на првиот мандат, тој пројави интерес за купување на Гренланд, што и тогаш и сега беше отфрлено од лидерите на островот.

    Не сме и нема да бидеме на продажба“, кажа премиерот Муте Егеде во декември.

    Доналд Трамп изјави дека неговиот син ќе патува со неколкумина претставници на Гренланд и притоа „ќе посетат некои од неговите најпрекрасни области“.

    Гренланд и неговиот народ ќе имаат големи придобивки ако станат дел од нашата нација. Ќе го негуваме и штитиме од злобниот надворешен свет. Да го направиме Гренланд повторно голем“, кажа Трамп.

    Во исто време, данскиот крал Фредерик го промени кралскиот грб и во него ги вклучи Гренланд и Фарските Острови, што се смета за одговор на Трамп. Данска и натаму ја контролира надворешната и безбедносната политика на Гренланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира