Претседателот на САД Доналд Трамп преку Твитер соопшти дека го номинира адвокатот Кристофер Реј за нов директор на ФБИ.
Местото е испразнето последниов месец откако Трамп го отпушти Џејмс Коми. Реј беше помошник на министерот за правда за време на администрацијата на Џорџ Буш од 2003 до 2005 година. Назначувањето треба да го одобри Сенатот.