ТРАМП ГО НОМИНИРАШЕ РАЗРЕШЕНИОТ СОВЕТНИК ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ МАЈК ВОЛЦ ЗА АМБАСАДОР ВО ОН

    ТРАМП ГО НОМИНИРАШЕ РАЗРЕШЕНИОТ СОВЕТНИК ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ МАЈК ВОЛЦ ЗА АМБАСАДОР ВО ОНПовеќе извори кажаа дека Волц бил принуден да се повлече поради скандалот со апликацијата Сигнал (Фото: АП)

    Доналд Трамп ќе го номинира Мајк Волц за американски амбасадор во Обединетите нации откако го разреши од функцијата советник за национална безбедност. Трамп му се заблагодари на Волц во објава на социјални мрежи и кажа дека нов советник привремено ќе биде Марко Рубио, кој истовремено ќе продолжи како државен секретар. Ова ќе биде прв таков случај од Хенри Кисинџер пред половина век.

    Волц се соочи со големи критики во Белата куќа по скандалот со апликацијата Сигнал, каде што тој и други високи функционери отворено разговараа за воени планови, што протече во јавност. Волц тогаш призна дека тој ја направил групата за разговор на Сигнал и дека во неа по грешка го вклучил уредникот на магазинот „Атлантик“. Поранешниот конгресмен од Флорида е првиот висок функционер кој ја напушта Белата куќа во вториот мандат на Трамп. Тој промени четворица советници за национална безбедност во првиот мандат, од кои Мајкл Флин издржа само три недели.

    Повеќе извори кажаа дека Волц бил принуден да се повлече поради скандалот „Сигналгејт“, но и дека Трамп го почитувал, па мирно ја извел неговата смена. Некои американски функционери сметаат дека изборот на Волц за амбасадор нема да помине во Сенатот, па Трамп ќе мора целосно да се реши од него.

    Амбасадорската позиција остана непополнета откако Трамп ја повлече номинацијата на својот прв избор Елиз Стефаник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира