ТРАМП ГО ПРЕТСТАВИ ПРОТИВРАКЕТНИОТ ШТИТ „ЗЛАТНА КУПОЛА“, ШТО ЌЕ ГИ ШТИТИ САД И ОД НАПАДИ ОД ВСЕЛЕНАТА

    ТРАМП ГО ПРЕТСТАВИ ПРОТИВРАКЕТНИОТ ШТИТ „ЗЛАТНА КУПОЛА“, ШТО ЌЕ ГИ ШТИТИ САД И ОД НАПАДИ ОД ВСЕЛЕНАТАСе проценува дека штитот ќе чини најмалку 175 милијарди долари (Фото: АП)

    Доналд Трамп го претстави дизајнот на американскиот футуристички противракетен систем „Златна купола“, за кој кажа дека ќе влезе во функција до крајот на неговиот мандат. Трамп го најави овој проект неколку дена по враќањето во Белата куќа во јануари и тој ќе ги штити САД од воздушните закани од следната генерација, вклучувајќи балистички и крстосувачки проектили.

    Во новиот буџет веќе е вклучена почетна сума од 25 милијарди долари за изградба на штитот, но се проценува дека ќе чини најмалку 175 милијарди долари. Официјални лица кажаа дека штитот е потребен зашто постојните одбранбени системи заостануваат зад софистицираните оружја што ги поседуваат можните непријатели.

    За лидер на проектот е назначен генералот Мајкл Гетлин, кој е заменик-шеф за вселенските операции во вселенските сили на американската војска.

    Трамп смета дека воздушните напади остануваат „најкатастрофалната закана“ со која се соочуваат САД.

    Системот ќе се состои од технологии од следната генерација низ копно, море и вселена, вклучувајќи сензори и пресретнувачи базирани во вселената. Ќе биде способен да пресретнува проектили лансирани од другата страна на светот, но и од вселената“, рече Трамп, додавајќи дека ја повикал и Канада да биде дел од проектот.

    Системот е делумно инспириран од израелската „Железна купола“, што земјата ја користи од 2011 за да пресретнува проектили и ракети. Сепак, „Златната купола“ ќе биде многу поголема и дизајнирана да се бори против широк спектар на закани, како хиперсонични проектили и системи за орбитално бомбардирање.

    Сите ќе бидат елиминирани во воздух. Стапката на успешност ќе биде близу 100%“, тврди Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира