Керолајн Ливит стана најмладата портпаролка на Белата куќа во историјата. Дваесет и седумгодишната Ливит, која беше портпаролка и на кампањата на Доналд Трамп, денеска ќе стапи на функцијата.
Првиот брифинг на новата администрација е секогаш голем момент. Првиот портпарол на Трамп во првиот мандат Шон Спајсер предивзика контроверзи на своето деби кога претера со проценките за големината на толпата на инугурацијата и изјавуваше дека Белата куќа може да не се согласува со фактите секогаш.
Ливит своевремено беше кандидатка за Конгресот и работеше во прес-службата на Трамп и во првиот мандат.
„Керолајн е цврста, паметна и високо ефективна во комуникациите“, кажа Трамп.
Претходниот најмлад портпарол на Белата куќа беше Рон Зиглер, кого Ричард Никсон го избра кога имаше 29 години во 1969.