ТРАМП ЈА ИСПРАТИ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПОРАДИ НЕМИРИTE КОИ ИЗБУВНАА ПО РАЦИИТЕ ПРОТИВ ИМИГРАНТИ

    ТРАМП ЈА ИСПРАТИ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПОРАДИ НЕМИРИTE КОИ ИЗБУВНАА ПО РАЦИИТЕ ПРОТИВ ИМИГРАНТИВо наредбата, претседателот Трамп наведува дека единиците на Националната гарда „привремено ќе ги штитат“ имиграциските службеници. (Фото: ЛА Тајмс)

    Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес за справување со немирите кои избувнаа поради рациите на федералните агенти за имиграција.

    Одлуката доаѓа по вториот ден на судири во градот, каде што жителите на претежно латиноамериканскиот кварт Парамаунт се спротивставија на агентите на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ).

    За време на немирите, властите употребија солзавец и „помалку смртоносна муниција“ за да ги растераат толпите.

    Во наредбата, претседателот Трамп наведува дека единиците на Националната гарда „привремено ќе ги штитат“ имиграциските службеници. 

    „До степен до кој протестите или актите на насилство директно го попречуваат извршувањето на законите, тие претставуваат форма на бунт против авторитетот на Владата на Соединетите Американски Држави“, се вели во образложението на Трамп.

    Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, реагираше на одлуката преку социјалните мрежи.

    „Федералната влада ја презема Националната гарда на Калифорнија и распоредува 2.000 војници во Лос Анџелес – не затоа што има недостиг на полициски сили, туку затоа што сакаат спектакл. Не им го давајте тоа. Никогаш не користете насилство. Изразете го својот став мирно“, напиша Њусом.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира