ТРАМП ЈА НАЗНАЧИ СВРШЕНИЦАТА НА НЕГОВИОТ СИН ДОНАЛД ЏУНИОР ЗА НОВА АМБАСАДОРКА ВО ГРЦИЈА

    ТРАМП ЈА НАЗНАЧИ СВРШЕНИЦАТА НА НЕГОВИОТ СИН ДОНАЛД ЏУНИОР ЗА НОВА АМБАСАДОРКА ВО ГРЦИЈАКимберли Гилфојл е свршена за Доналд Трамп Џуниор од крајот на 2020 (Фото: Гети)

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја назначи свршеницата на неговиот син Доналд Трамп Џуниор за нова амбасадорка на САД во Грција.

    Кимберли Гилфојл е поранешна водителка на „Фокс њуз“ и поранешна обвинителка во Сан Франциско и Лос Анџелес, која стана советничка на претседателската кампања на Доналд Трамп и го водеше одделот за собирање донации. Таа е бивша сопруга на актуелниот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, а од крајот на 2020 е свршена за Доналд Трамп Џуниор.

    Долги години, Кимберли е блиска соработничка и сојузничка. Таа е совршено погодна за поттикнување силни билатерални односи со Грција и за унапредување на нашите интереси за прашања кои се движат од одбранбена политика до економски иновации“, кажа Трамп за Гилфојл.

    Педесет и петгодишната Гилфојл не е првиот член на семејството Трамп кој доби амбасадорска функција. Трамп претходно кажа дека нов амбасадор во Франција ќе биде Чарлс Кушнер, свекорот на неговата ќерка Иванка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира