ТРАМП КАЖА ДЕКА СПАСИЛ ОСУМ ИРАНКИ ОД ПОГУБУВАЊЕ, ИРАН МУ ОДГОВОРИ ДЕКА СИ ИЗМИСЛУВА ПРИКАЗНИ

    ТРАМП КАЖА ДЕКА СПАСИЛ ОСУМ ИРАНКИ ОД ПОГУБУВАЊЕ, ИРАН МУ ОДГОВОРИ ДЕКА СИ ИЗМИСЛУВА ПРИКАЗНИИран кажа дека Трамп само сака да си го спаси образот (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил да не погуби осум демонстрантки во знак на почит кон него, на што Техеран му одговори дека си измислува приказни зашто егзекуциите не ни биле планирани.

    „Многу добри вести. Четири од жените веднаш ќе бидат ослободени, а другите четири ќе бидат осудени на еден месец затвор. Многу ценам што иранските лидери го испочитуваа моето барање и ги откажаа планираните погубувања“, рече Трамп.

    Иран кажа дека целиот проблем е измислен и додаде дека Трамп само сака да си го спаси образот.

    „Трамп остана со празни раце на бојното поле, па сега измислува постигнувања врз основа на лажни вести. Тој наседнал на лажни тврдења ширени од антиирански групи“, пренесе новинската агенција „Мизан“, поврзана со иранското правосудство.

    Иран повтори дека не се согласил на никакви отстапки.

    Новинската агенција објави дека некои демонстрантки се веќе ослободени, а некои се соочуваат со затворски, но не и смртни казни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира