ТРАМП ЌЕ ПРОГЛАСИ ДЕКА ПОСТОЈАТ САМО МАШКИ И ЖЕНСКИ ПОЛ

    ТРАМП ЌЕ ПРОГЛАСИ ДЕКА ПОСТОЈАТ САМО МАШКИ И ЖЕНСКИ ПОЛЏо и Џил Бајден ги пречекаа Доналд и Меланија Трамп пред да одат на чај (Фото: АП)

    Доналд Трамп ќе донесе извршни наредби со кои ќе се укинат програмите за различност, еднаквост и инклузија (ДЕИ) и ќе прогласи дека американската влада признава само два пола, машки и женски, изјави еден функционер од новата администрација. Тој додаде дека наскоро ќе бидат преземени уште мерки против програмите за ДЕИ.

    Како дел од овие извршни наредби, федералните средства веќе нема да смеат да се користат за промовирање родова идеологија, што се однесува на нетрадиционални ставови за половите и родовите.

    Државни средства веќе нема да се трошат за медицински процедури за менување пол“, изјави функционерот.

    Засега е нејасно што ќе значат овие наредби за американската војска. Во својот прв мандат, Трамп забрани трансродови лица да служат војска, што беше поништено од владата на Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира