ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ВКЛУЧИ АНТИВАКСЕРОТ РОБЕРТ КЕНЕДИ ЏУНИОР ВО СВОЈАТА ВЛАДА

    ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ВКЛУЧИ АНТИВАКСЕРОТ РОБЕРТ КЕНЕДИ ЏУНИОР ВО СВОЈАТА ВЛАДАТрамп најави дека Кенеди би бил одговорен за иницијативи во здравството (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека антиваксерот Роберт Кенеди Џуниор ќе има голема улога во неговата администрација ако победи на изборите, кои се одржуваат утре.

    Отворен сум за некои негови поконтроверзни идеи“, кажа Трамп за Ен-Би-Си.

    Запрашан дали тоа би можело да значи и забрана на некои вакцини, Трамп одговори:

    Не го исклучувам тоа. Ќе зборам со Кенеди и со некои други луѓе и ќе донесам одлука. Тој е многу талентиран човек и има силни сфаќања“.

    Кенеди е член на моќната политичка династија и внук на бившиот претседател Џон Кенеди, но познат е и како гласен противник на вакцини кој шири здравствени информации за кои научниците кажаа дека се лажни. Трамп најави дека Кенеди би бил одговорен за иницијативи во здравството.

    Кенеди веќе објави дека Трамп ќе го отстрани флуоридот од водата за пиење уште првиот ден кога ќе стапи на функцијата. Флуоридот ги зајакнува забите и ги намалува шуплините со замена на минералите што се губат при нормалното абење и кинење, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Додавањето на ниски нивоа на флуорид во водата за пиење се смета за едно од најголемите достигнувања на јавното здравство во минатиот век.

    На 20 јануари, Белата куќа на чело со Трамп ќе ги советува сите водоводни системи во САД да го отстранат флуоридот од јавната вода. Трамп и неговата сопруга Меланија сакаат да ја направат Америка повторно здрава“, напиша Кенеди на Икс.

    Трамп кажа дека досега не зборел со Кенеди за ова, но ова му звучи во ред и може да се изведе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира