Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша наредба да почне изградба на ѕид долж мексиканската граница што беше едно од неговите клучни ветувањата во кампањата. Наредбата ќе овозможи изградба на „голема физичка бариера на јужната граница“, кажа портпаролот Шон Спајсер.
Мерката, исто така, предвидува повеќе ресурси за граничната полиција, поголеми простори за приведување илегални имигранти и поголема сигурност дека луѓето ќе бидат депортирани.
Трамп, исто така, потпиша уште една извршна наредба со која се стопира доделувањето федерални грантови на градови кои штитат илегални имигранти и кои ветиле дека нема да ги спроведуваат американските закони за имиграција.
Трамп кажа дека изградбата на ѕидот ќе почне за неколку месеци и нагласи дека Мексико ќе плати за проектот.