ТРАМП ПОБАРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИ-ЕН-ЕН ДА БИДЕ ОТПУШТЕН

    ТРАМП ПОБАРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИ-ЕН-ЕН ДА БИДЕ ОТПУШТЕНТрамп го обвини Си-Ен-Ен за омраза и пристрасен однос кон него

    Доналд Трамп го нападна претседателот на Си-Ен-Ен, Џеф Закер, на Твитер и побара тој да биде сменет.

    Тој кажа дека омразата и пристрасниот однос на Си-Ен-Ен кон него ја направило оваа медиумска организација неспособна да функционира.

    „Ова трае веќе долго време. Малиот Џеф Зед ужасно си ја врши работата, неговиот рејтинг е за никаде и менаџментот би требало да го отпушти за да си го спаси угледот“, напиша Трамп на Твитер.

    Трамп го нападна Закер додека тој се наоѓа на шестнеделен одмор, заздравувајќи од операцијата на срцето.

    Си-Ен-Ен соопшти дека нема да ги коментира најновите твитови на Трамп, иако по тој повод се огласи вчера.

    „Господине претседателе, Си-Ен-Ен не лаже. Ние известуваме. И ние известуваме кога луѓето на власт лажат. Си-Ен-Ен цврсто стои зад своите новинари и известување“, објави медиумскиот гигант на Твитер.

    Трамп долго време се жали дека Си-Ен-Ен нечесно известува и си тера своја политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира