Ураганот Харви ја погоди американската држава Тексас со ветрови кои на крајбрежјето стигуваа и до до 215 км на час.
Ова е најмоќната бура што ја погодила Америка во последните 12 години.
Претседателот Доналд Трамп потпиша указ за прогласување за прогласување катастрофа во државата со што се овозможува бесплатна државна помош за најлошо погодените места.
Гувернерот на Тексас Грег Абот предупреди на поплави во неколку региони.