ТРАМП РАЗМИСЛУВА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА САД КОН ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАНСКИТЕ НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИ

    ТРАМП РАЗМИСЛУВА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА САД КОН ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАНСКИТЕ НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИТрамп вчера кажа дека „целосно го контролираме небото над САД“ (Фото: Гети)

    Доналд Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на добро упатени извори. За ова се разговарало на вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност во Белата куќа, но не постоела целосна согласност меѓу најблиските советници на Трамп.

    Една од можните мети би била нуклеарната постројка Фордо, подземен комплекс за збогатување ураниум, за кој се верува дека е клучен за иранската нуклеарна програма, кажа функционер на американското министерство за одбрана. Фордо е сместен речиси 100 метри под земја во планина и се верува дека само САД располагаат со капацитети за негово бомбардирање.

    На средбата во Белата куќа присуствувале и министерот за одбрана Пит Хегсет, потпретседателот Џеј-Ди Венс, директорот на ЦИА Џон Ретклиф и државниот секретар Марко Рубио, меѓу другите.

    Трамп вчера даде неколку изјави кои покренаа прашања, велејќи дека „целосно го контролираме небото над САД“ и „засега нема да го убиеме иранскиот ајатолах, иако знаеме каде се наоѓа“ и го повика Иран безусловно да се предаде. Белата куќа во почетокот се дистанцираше од израелските напади, а потоа почна да им дава поддршка.

    Пратениците во американскиот Конгрес дебатираа за нацрт-закон кој би ја ограничил способноста на Трамп да ги вклучи САД во војната. Таканаречената Резолуција за воени овластувања вели дека Трамп не може да се вклучи во напади врз Иран без претходно одобрение од Конгресот. Вашингтон претходно потврди дека му помогнал на Израел во пресретнувањето на иранските проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира