ТРАМП САКА СО ЦАРИНАТА ОД УВОЗОТ ОД МЕКСИКО ДА ПЛАТИ ЗА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Вашингтон,(АП)

    ТРАМП САКА СО ЦАРИНАТА ОД УВОЗОТ ОД МЕКСИКО ДА ПЛАТИ ЗА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА

    Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го финансира ѕидот на јужната граница со воведување 20 отсто царина на увезените производи од Мексико. Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер кажа дека Трамп дискутирал за идејата со лидерите во Конгресот и сака да ја вклучи мерката во пакетот за сеопфатна даночна реформа.

    Спајсер зборуваше со новинарите на претседателскиот авион додека Трамп се враќаше од средбата на републиканците во Филаделфија. Тој вели дека царинењето на увезените производи од Мексико ќе донесе 10 милијарди годишно и со тоа „лесно ќе се плати за ѕидот“.

    Спајсер вели дека разговорите со законодавците продолжуваат за да се осигура дека планот ќе биде спроведен правилно, но кажа дека тоа „јасно ќе обезбеди финансии“ за ѕидот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира