ТРАМП СЕ БРАНИ НА ТВИТЕР ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЈА ЗАТАШКУВА ИСТРАГАТА НА ФБИ ЗА НЕГОВИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА

    ТРАМП СЕ БРАНИ НА ТВИТЕР ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЈА ЗАТАШКУВА ИСТРАГАТА НА ФБИ ЗА НЕГОВИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈАТрамп го отпушти Коми среде истрагата што ја предводеше директорот на ФБИ за наводните врски меѓу неговата кампања и Русија. - Американскиот претседател Доналд Трамп. (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе назначи некој подобар откако го отпушти Џејмс Коми како директор на ФБИ, бранејќи ја својата одлука на Твитер, додека неговите критичари го напаѓаа.
    „Џејмс Коми ќе биде заменет со некој кој ќе биде многу подобар и ќе го врати духот и престижот на ФБИ“, напиша Трамп на социјалната мрежа.
    „Коми ја загуби довербата кај речиси сите во Вашингтон, кај републиканци и демократи. Кога ќе се смири работата, сите ќе ми се заблагодарат“, додаде тој.

    Вчерашната изненадувачка одлука дека Коми е отпуштен дојде среде актуелната истрага што ја предводеше директорот на ФБИ за наводна соработка меѓу изборната кампања на Трамп и Русија. Потегот на американскиот претседател веднаш предизвика обвинувања за политичко мешање во истрагата, а незадоволни беа и републиканци и демократи.

    Администрацијата на Трамп го обвини Коми за многу грешки што ги направил за време на истрагата за мејловите на Хилари Клинтон и го наведе тоа како причина за отказот. Денеска, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков кажа дека одлуката на Трамп е „независна одлука која нема и не треба да има никаква врска со Русија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира