ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ВРАТИ ПАНАМСКИОТ КАНАЛ ПОД КОНТРОЛА НА САД

    ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ВРАТИ ПАНАМСКИОТ КАНАЛ ПОД КОНТРОЛА НА САДТрамп ја обвини Панама дека им наплаќа превисоки такси на американските бродови (Фото: АП)

    Доналд Трамп побара од Панама да ги намали таксите за Панамскиот канал или да го врати под контрола на САД, обвинувајќи ја централноамериканската земја дека им наплаќа превисоки цени на американските бродови.

    Таксите што ги наплаќа Панама се смешни и крајно неправедни. Ова искористување на нашата земја мора веднаш да престане“, кажа Трамп пред своите поддржувачи во Аризона.

    Претседателот на Панама Хосе Раул Мулино му возврати дека секој квадратен метар од каналот и околната област ѝ припаѓаат на неговата земја.

    Нема преговарање за суверенитетот и независноста на Панама“, кажа Мулино.

    Само ден порано, Трамп кажа дека Панамскиот канал е витално национално богатство за САД.

    Ако бродските такси не бидат намалени, ќе бараме Панамскиот канал да ни се врати, целосно, брзо и без прашања“, кажа вчера Трамп.

    Долг 82 километри, Панамскиот канал е главната врска меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Изграден во почетокот на 1900-тите, каналот до 1977 беше под контрола на САД, по што постепено ѝ се враќаше на Панама. Од 1999 таа има целосна контрола врз него. Ноз каналот годишно минуваат до 14.000 бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира