Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царина од 200% за француски вина и шампањи за да го натера Емануел Макрон да се придружи на Одборот за мир во Газа. Тој реагираше на изјавата на Макрон дека нема да се придружи на Одборот.
„Дали го рекол тоа? Па, никој не го сака, зашто и онака наскоро нема да биде на функцијата. Ќа воведам царина од 200% за неговите вина и шампањи и тој ќе се придружи, но не мора да се придружи“, кажа Трамп.
Извор близок на Макрон изјави дека Франција ја одбила поканата да се приклучи на иницијативата во оваа фаза.
Трамп го најави Одборот за мир како тело кое ќе ја надгледува работата на палестинската технократска влада, но поканата за членство испратена во околу 60 држави нагласува дека ќе има поширока улога за решавање конфликти низ светот.
Австралија, Русија, Јордан, Грција, Кипар, Пакистан, Канада, Турција, Египет, Парагвај, Аргентина и Албанија потврдија дека се поканети, но само Унгарија и Виетнам досега кажаа дека прифатиле. Државите кои сакаат постојано, а не тригодишно членство во Одборот треба да уплатат една милијарда долари, изјави еден американски функционер, додавајќи дека овие пари ќе се искористат за обнова на Газа.



