ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА ЗА ЕДЕН ДЕН

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА ЗА ЕДЕН ДЕНТрамп повторно ќе се кандидира за претседател на изборите во 2024 година. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Во обраќањето на настан на Републиканската партија ноќеска, поранешниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека тој е единствениот човек кој може да ја запре „Третата светска војна“.

    Трамп, кој пак ќе кандидира за претседател кажа: „Дури и пред да пристигнам во Овалната канцеларија, јас ќе ја завршам катастрофалната војна меѓу Русија и Украина. Тоа ќе биде решено брзо“, додавајќи дека „добро се согласува“ со рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе го послуша.

    Трамп исто така ја нападна Републиканската партија од периодот пред неговото претседателство, велејќи: „Имавме Републиканска партија со која што владееја чудаци, неоконзервативци, глобалисти, отворени граници и будали. Но, ние никогаш нема да се вратиме на партијата на Пол Рајан, Карл Роув и Џеб Буш“.

    Тридневната конференција во Вашингтон покажа колку многу Трамп ги има под контрола десничарската база на партијата и колку тешко ќе им биде на неговите предизвикувачи да го победат во партиските избори за претседателски кандидат. Неодамнешните анкети покажуваат дека многу републиканци бараат алтернатива како гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, верувајќи дека со него како кандидат имаат поголеми шанси да ја освојат Белата куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира