Американските научници Дејвид Бејкер и Џон Џампер и Британецот Демис Хасабис се годинашните добитници на Нобеловата награда за хемија за нивната работа на протеини.
Нобеловиот комитет соопшти дека Хасабис (1976) и Џампер (1985) успешно ја користеле вештачката интелигенција за да решат 50-годишен проблем и да ја предвидат сложената структура на речиси сите познати протеини. Хасабис е еден од основачите на компанијата за истражување на вештачката интелигенција која стана „Гугл дипмајнд“.
За Бејкер (1962) е кажано дека успеал во речиси невозможниот подвиг да изгради целосно нови видови протеини.
Тројцата научници ќе поделат сума од 965.000 евра.