ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ И 14 ПОВРЕДЕНИ ВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ЊУ МЕКСИКО

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ И 14 ПОВРЕДЕНИ ВО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ЊУ МЕКСИКОВо пукањето загинаа двајца 19-годишни мажи и едно 16-годишно момче, соопшти полицијата. (Фото: Лас Крусес полиција)

    Во американската држава Њу Мексико во петокот се случи масовно пукање во кое загинаа три лица, а 14 беа повредени, според локалните власти.

    Пукањето се случило во парк во градот Лас Крусес, околу 22:00 часот по локално време, објави полицијата на Лас Крусес на социјалните мрежи.

    До саботата наутро немаше уапсени, но „активно се следат повеќе индиции“.

    Во јавниот повик за сведоци и видео, одделот соопшти дека пукањето се случило на „собир на автомобили“ и „завршило со повеќе истрели и неколку погодени лица“.

    Во пукањето загинаа двајца 19-годишни мажи и едно 16-годишно момче, соопшти полицијата.

    Повредените во пукањето се на возраст од 16 до 36 години. Властите сè уште не ги објавија имињата на жртвите.

    Полицијата одговорила на пријави за пукање и потенцијални жртви од огнено оружје во близина на паркингот околу 22:00 часот.

    „Њујорк Тајмс“ објави дека настанот бил месечно собирање на ентузијасти за модифицирани спортски автомобили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира