Целосното помрачување на Сонцето замрачи делови од Мексико откако небесниот спектакл го почна своето патување низ Латинска и Северна Америка. Во него ќе уживаат милиони луѓе во Мексико, САД и Канада ако временските услови бидат добри.
Помрачувањето најдолго ќе трае над делови од Тексас – четири минути и 27 секунди, додека во Канада најдолго ќе може да се набљудува од Шербрук во канадската провинција Квебек – три минути и 26 секунди.
Околу 31,6 милиони луѓе живеат на патеката на целосното помрачување, кое ќе зафати и неколку големи градови и густо населени области. Властите на канадската провинција Нијагара очекуваат еден милион посетители на славните водопади.