Центристичките либерали предводени од Роб Јетен изненадувачки водат во излезните анкети по денешните предвремени парламентарни избори во Холандија. Ова се случува две години откако неговата партија Д66 заврши на шестото место на изборите.
Според излезните анкети, Д66 освои 27 пратенички места, две повеќе од крајната десница на Герт Вилдерс, која победи на последните избори.
Победникот засега не може да се прогласи, но излезните анкети вообичаено се точни. Уште три партии се блиску до водечките две: конзервативни либерали, левичарската партија Зелени-Лабуристи и Христијански демократи.
Вилдерс водеше во анкетите во кампањата, но откако се повлече од владејачката коалиција во јуни, сите поголеми партии кажаа дека нема повторно да соработуваат со него.



