ТУБЕРКУЛОЗАТА ГО НАДМИНА КОВИД-19 КАКО НАЈСМРТОНОСНА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ НА СВЕТОТ

    ТУБЕРКУЛОЗАТА ГО НАДМИНА КОВИД-19 КАКО НАЈСМРТОНОСНА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ НА СВЕТОТТуберкулозата одзема околу 4.400 животи на ден (Фото: Гети)

    Туберкулозата сега убива повеќе луѓе низ светот отколку ковид-19 и сидата, објавија Обединетите нации. Ова се должи и на големиот број заразени во конфликтните зони, како Украина и Судан, каде што тешко може да се следи состојбата со оваа болест.

    Туберкулозата е најсмртоносната заразна болест во светот во моментов, која одзема околу 4.400 животи на ден, од кои 700 деца. Пред ковид-19, кој исто така се пренесува преку воздух, немаше драматичен пораст на бројот на заразени со туберкулоза, но денес имаме тип на туберкулоза каков што гледаме во филмови, кога луѓе искашлуваат крв и се многу слаби“, изјави Лусиса Дитиу, извршната директорка на организацијата „Стоп на туберкулозата“.

    Украина има најголем број случаи на туберкулоза во европскиот регион, 34.000 и најмногу заболени кои се отпорни на лековите за туберкулоза.

    Вакцината против ковид-19 беше развиена за помалку од една година, а поради недостиг на пари, беа потребни 19 години за три-четири вакцини против туберкулоза да стигнат до третата фаза од тестирањето. Оваа болест многу често се заборава“, кажа Дитиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира