ТУРЧИНОТ ДАРОН АЏЕМОГЛУ МЕЃУ ТРОЈЦАТА ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА

    ТУРЧИНОТ ДАРОН АЏЕМОГЛУ МЕЃУ ТРОЈЦАТА ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈААџемоглу ја дели наградата со Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон (Фото: АП)

    Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2024, која традиционално се доделува последна.

    Кралската шведска академија на науки објави дека тие се наградени за нивните истражувања како институциите се формираат и влијаат на просперитетот, што покажува зошто некои држави успеваат, а други пропаѓаат. 

    Аџемоглу (1967) е турско-американски економист со ерменско потекло кој беше прогласен за еден од омилените живи економисти под 60 години и за еден од најцитираните во светот.

    Сајмон Џонсон (1963) е британски економист кој предава на

    Масачусетскиот институт за технологија, додека Американецот Џејмс Робинсон (1960) е професор на Универзитетот во Чикаго.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира