УАПСЕН УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРК, ФБИ ГО ИМЕНУВАШЕ КАКО 22-ГОДИШНИОТ ТАЈЛЕР РОБИНСОН

    УАПСЕН УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРК, ФБИ ГО ИМЕНУВАШЕ КАКО 22-ГОДИШНИОТ ТАЈЛЕР РОБИНСОНВластите кажаа дека Робинсон му се доверил на семеен пријател дека го убил Кирк

    ФБИ го објави идентитетот на убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, именувајќи го како 22-годишниот Тајлер Робинсон од јужна Јута. Директорот на ФБИ, Каш Пател и властите на Јута одржаа прес-конференција набргу откако Доналд Трамп кажа дека убиецот на Кирк е фатен.

    Го фативме. Тој е во притвор“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

    Еден од најпознатите американски конзервативни активисти и близок сојузник на Трамп беше смртно застрелан пред два дена додека држеше говор пред 3.000 луѓе на универзитет во Јута, по што беше покрената голема потрага. ФБИ вчера објави фотографии од осомничениот, а потоа и видео од него како бега од местото на пукањето.

    Робинсон му се доверил на семеен пријател дека го убил Кирк, кој потоа ја известил канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон. Член на неговото семејство изјави дека Тајлер почнал повеќе да се интересира за политика во последните години и во една прилика рекол дека не ги сака Кирк и неговите ставови затоа што шири омраза“, рече Кокс.

    Тој додаде дека на куршумите на Робинсон имало испишани пораки, како „Бела чао“ и „Еј фашисто, фати го ова!“.

    Сакаме да им се заблагодариме на членовите на семејството на Робинсон, кои постапија правилно и го доведоа кај органите за спроведување на законот“, рече Кокс.

    Кирк беше убиен со еден куршум во врат, испукан од снајперско гнездо на покривот на зграда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира