УАПСЕНИОТ БЕЛОРУСКИ НОВИНАР ПРОТАСЕВИЧ ГО ФАЛИ ЛУКАШЕНКО ВО НОВО ТВ-ИНТЕРВЈУ И ПРИЗНАВА ДЕКА САКАЛ ДА ГО СОБОРИ

    УАПСЕНИОТ БЕЛОРУСКИ НОВИНАР ПРОТАСЕВИЧ ГО ФАЛИ ЛУКАШЕНКО ВО НОВО ТВ-ИНТЕРВЈУ И ПРИЗНАВА ДЕКА САКАЛ ДА ГО СОБОРИСемејството на Протасевич смета дека интервјуто го дал под принуда

    Уапсениот белоруски новинар Роман Протасевич даде телевизиско интервју во кое го фалеше претседателот Александер Лукашенко и призна дека се обидел да го собори, што неговото семејство смета дека било изнудено.

    Дваесет и шестгодишниот Протасевич беше уапсен минатиот месец откако Белорусија приземји авион на „Рајанер“ во Минск под изговор дека во него има бомба. Владата на Белорусија претходно го стави на листа на поединци кои биле вклучени во терористички активности.

    Опозициски активисти и групи за човекови права тврдат дека Протасевич бил мачен, откако во интервјуто можеле да се забележат лузни на неговите зглобови. Тој во интервјуто вели дека зборува доброволно.

    „Признавам дека сум се обидел да го соборам Лукашенко. Го имам критикувано многу, но почнав да сфаќам дека тој ја прави вистинската работа и го почитувам“, вели Протасевич низ солзи, додавајќи дека еден ден сака да се ожени и да има деца.

    Таткото на Протасевич изјави дека било болно да се гледа интервјуто.

    „Го познавам мојот син многу добро и верувам дека никогаш не би кажал такви работи. Тие го скршија и брутално го натераа да каже што треба“, изјави тој за агенцијата АФП.

    Протасевич се соочува со сериозни обвиненија, како поттикнување на масовни нереди, за што може да добие 15 години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира