УБИЕН ОЗЛОГЛАСЕНИОТ РУСКИ НАЦИОНАЛИСТ ИГОР МАНГУШЕВ, КОЈ СЕ СЛИКАШЕ СО ЧЕРЕП НА УКРАИНСКИ ВОЈНИК

    УБИЕН ОЗЛОГЛАСЕНИОТ РУСКИ НАЦИОНАЛИСТ ИГОР МАНГУШЕВ, КОЈ СЕ СЛИКАШЕ СО ЧЕРЕП НА УКРАИНСКИ ВОЈНИКНепознато е кој стои зад убиството на Мангушев (Фото: Телеграм)

    Озлогласениот руски националист и платеник Игор Мангушев почина во болница неколку дена откако одблиску бил застрелан во главата во окупираниот дел на Украина. Неговата сопруга Татјана го опиша убиството како егзекуција.

    Мангушев бил заповедник на противдронска единица во Луганск и еден од основачите на приватната платеничка група „Ракуни“, која се бореше во источна Украина во 2014. Минатото лето, тој објави видео во кое држи череп, за кој кажа дека му припаѓал на украински војник кој загинал во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол.

    Мангушев беше екстремен националист кој произлегол од неонацистичко движење, а подоцна соработуваше со шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, како политички стратег. Тој кажуваше дека Русија не е во војна со луѓето, туку со идејата дека Украина е антируска држава, па не е важно колку Украинци ќе загинат.

    Непознато е кој стои зад убиството на Мангушев, кој бил застрелан во окупираниот град Макивка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира